Формула 1 планира ново зголемување на бројот на спринт-трките

94

Директорот на Ф1 шампионатот, Стефано Доминикали, вели дека форматот на спринтерските трки функционира добро пред се поради фактот што натпреварувачките сесии се одржуваат во текот на сите три дена, а не само два, како во вообичаениот формат на Гран При .

„Во петокот, за време на квалификациите за спринт, видовме неверојатни услови и многу акција на патеката. На крајот на краиштата, ние мора да ги почитуваме интересите на навивачите – затоа што сакаме тие да се забавуваат“.

Доменикали не исклучи дека во иднина може да има повеќе од шест спринтерски трки по сезона.

“Зошто да не? Би рекол дека спринтовите досега функционираат одлично бидејќи форматот ја одржува тензијата на трката секој ден од тркачкиот викенд. За ова прашање ќе разговараме во иднина“.

ПретходноИспраќање во пензија со многу емоции
СледноРАИ: Конте и Наполи се договориле за тригодишна соработка