ПСЖ бадијала понуди 200 милиони евра, Јамал не е на продажба!

151

Иако Барселона се “дави“ во долгови и тие 200 милиони евра и тоа како можат да и помогнат, сепак Ламине Јамал не е на продажба. Тинејџерот кој блесна сезонава, останува во Барса.

Ова значи дека ПСЖ бадијала понудил 200 милиони евра, Јамал не се продава.

Ова на челниците на клубот од Париз им го пренел Жорге Мендеш, менаџерот на Јамал.

Инаку сезонава младиот офанзивец одигра, барем засега, 44 натпревари а на нив постигна шест голови, имаше и осум асистенции.

Се ова е добра вест за сите фанови на Барса, па и за стратегот Чави Ерненадез, кој официјално потврди дека останува во каталонската гордост.

ПретходноФљамур Таири: Струга ТЛ оди на победа против Силекс
СледноСалах и Клоп се испокараа! Само реми на Ливерпул со Вест Хем, титулата остана само сон! (ВИДЕО)