Фљамур Таири: Струга ТЛ оди на победа против Силекс

90

Утре од 16 часот во меч од 29.коло во ПМФЛ, шампионот на свој терен го дочекува Силекс. Екстра важен меч за тимот на Струга ТЛ кој во пресрет на последните 5 кола до крајот има +3 бода пред вториот Шкупи.

За тоа што може да се очекува од утрешниот меч свој коментар има искусниот офанзивен играч за врска на шампионот, Фљамур Таири:

По двата меча без победа, добро е што во минатото коло славевме на гости кај Македонија ЃП. Цврсто верувам дека ќе продолжиме со победничко темпо. Јасно е дека одиме на победа против Силекс, јасно е дека бодовите ни се неошходно и затоа нашите мисли се победнички. Со секоја победа ние сме поблиску до титулата. Знаеме дека нема да биде лесно, Силекс е силен тим, но ние одиме на победа“ посочи Таири.

ПретходноНадал сака да игра на ОИ на турнирот во двојки, го одбра и партнерот
СледноПСЖ бадијала понуди 200 милиони евра, Јамал не е на продажба!