Во последниот меч од сезоната, тимот од Гевгелија беше подобар од Навико Академија ФМП со резултат (91:72).
Беше обична формалност, но мораа да се одиграат и последните 40.минути. За екипата на Навико Академија последни како прволигаши, за Кожув пак донесоа само уште една потврда дека се најдобрата екипа во мини-лигата за опстанок во друштвото на најдобрите.
Со оглед на тоа дека натпреварот немаше некое резултатско значење, со оглед на тоа дека беше јасен изгледот на табелата во Плеј-аут конкуренцијата, овие последни 40.минути во сезоната двата тренери ги искористија да им дадат нешто поголем број на минути на играчите кои имаат ретки прилики да се најдат во една таква улога.
Особено тоа се однесува за екипата од Гевгелија, чиј предводник од клупата, Апостоли Апостолов го примени сето тоа. Од друга страна пак, гостите од Скопје во финишот на сезоната и онака се во една „кратка ротација“ со осум играчи, па нивниот тренер Љупчо Малинков и немаше толкав „простор за маневар“, играше со на што го имаше на располагање.
На крајот, Пен заврши со 16.поени, Караџовски имаше 14, а Караколев уште 11. поени за домашната екипа. Во гостинската, прво поентерско име, со 25.реализации беше Петровски, Ѓурашевиќ даде 20, а Сантана уште десет поени.
По овој псоелдне меч во Плеј-аут лигата, и официјално, екипите на Кожув и Вардар остануваат во Првата лига, екипите на Навико Академија ФМП и Охрид испаѓаат во Втората лига.
ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО
Кожув – Навико Академија ФМП 91:72
Вардар – Охрид 94:62
ТАБЕЛА: Кожув 38, Вардар 36, Навико Академија ФМП 34, Охрид 33;
*Екипите на Кожув и Вардар остануваат во Првата лига, екипите на Навико Академија ФМП и Охрид испаѓаат во Втората лига