„Сити Парк Бојс“ бесни: „Легачење“ по терен и фрлање цигли?

479

Работнички во полуфиналната серија во плеј-офот влезе со убедлив пораз од 63-86 од Пелистер. Играта која „црвено-белите“ ја покажаа на вчерашната средба против битолчани ги разбесна „Сити Парк Бојс“. Откако вчера ги посторија играчите денеска излегоа со рекација.„Вчера бевме сведоци на срамниот дебакл на нашите играчи. Трибината исполнета до последно место, еуфорија како што одамна не се осетила меѓу публиката, се беше подготвено за еден одличен ден крунисан со победа за да на крај да добиеме што? Натпревар само 15 минути? Легачење по терен и фрлање цигли? Поразот како пораз не боли толку колку што боли непочитувањето на дресот и името кое го носат. Се си има свој почеток и крај, а поединци веќе се на крајот. Нема да дозволиме на никого да си игра со нашата светост па и по цена тоа да придонесе крај на сезоната. Од сега па натаму ќе делуваме ние! Подгответе се зошто наскоро доаѓа најтешката битка, најтешките минути на сезоната!!! ПОРАЗ НЕ Е ЗБОР ОД НАШИОТ РЕЧНИК!“ – се вели во реакцијата од „Сити парк бојс“.

ПретходноСити ја продолжува битката за титулата!
СледноСтоле и Рајо немоќни кај Виљареал!