Сити ја продолжува битката за титулата!

126

Играчите на Манчестер Сити направија чекор поблиску до одбрана на титулата откако во 35. коло од Премиер-лигата го совладаа Нотингем Форест со 2:0.

Двоен асистент за Манчестер Сити беше Кевин Де Брујне, а стрелци беа Јошко Гвардиол и Ерлинг Халанд.

Далеку од тоа дека Сити денеска лесно ги доби бодовите, напротив, Форест има многу за жалење, особено за грешките на Крис Вуд, кои го одбележаа денешниот натпревар.

Граѓаните постигнаа по еден гол во двете полувремиња, во првиот дел во листата на стрелци се запиша дефанзивец, Јошко Гвардиол, додека во второто, тоа беше најдобриот стрелец на екипата, Ерлинг Халанд.

Сити очекувано ја задржа предноста до крајот и освои вредни бодови во борбата за титулата. Сити има 79 бодови, Арсенал 80, но тимот на Гвардиола има натпревар помалку, додека Нотингем Форест го чека жестока борба за опстанок до самиот крај.
ПретходноДва гола и асистенција: Супер настап на Аврамовски за Болуспор!
Следно„Сити Парк Бојс“ бесни: „Легачење“ по терен и фрлање цигли?