Два гола и асистенција: Супер настап на Аврамовски за Болуспор!

195

Даниел Аврамовски сам го победи составот на Алтај во меч од Втората лига во Турција и му донесе победа на својот Болуспор од 3:1. Интересно, два гола беа дело на Цујо а во еден беше асистент, и не може подобро.

Македонскиот интернационалец прво постигна гол за 1:1 во 55.минута, потоа во 68.минута асистираше за водство на Болуспор од 2:1 за да во 90+4.минута со убав гол ги постави конечните 3:1 за Болуспор.

Со овие два гола Цујо дојде до бројката од 7 голови во тековната сезона.

ПретходноГОООЛ: Барди на фантастичен начин го “тресе“ Газијантеп! (ВИДЕО)
СледноСити ја продолжува битката за титулата!