Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски зад себе има уште добар меч во португалскиот шампионат. Порто на гостински терен го совлада Спортинг од 37-35. Митревски зад своето име запиша девет одбрани, а неговиот тим сега има два бода негативата зад лидерот, кој пет години чека на шампионската титула.
Победа во плеј-офот запиша и Филип Талески. Тој со својата Бенфика славеа против Брага со 34-27. Талески имаше 3/4 реализација и четири асистенции.
Во следното коло во плеј-офот повторно ќе имаме македонско дерби, Бенфика е домаќин на Порто.