Манчестер Јунајтед со 80 милиони евра тргнува по Араухо!

293

Една од трансферните желби ова лето на Манчестер Јунајтед е Роналд Араухо, стоперот на Барселона. Се известува од Островот дека клубот од „Олд Трафорд“ е подготвен да плати дури 80 милиони евра отштета се со цел да го има во своите редови Уругваецот кој важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот на фудбалот.

Познато е дека Араухо веќе води преговори со Барса за продолжување на договорот, но ако Манчестер Јунајтед му понуди подобри лични услови секако дека ќе се пресели во Премиерлигата.

ПретходноДевет одбрани на Никола Митревски, Порто му го нанесе првиот пораз на Спортинг
СледноПСЖ и официјално е првак на Франција