Девет одбрани на Никола Митревски, Порто му го нанесе првиот пораз на Спортинг

289

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски зад себе има уште добар меч во португалскиот шампионат. Порто на гостински терен го совлада Спортинг од 37-35. Митревски зад своето име запиша девет одбрани, а неговиот тим сега има два бода негативата зад лидерот, кој пет години чека на шампионската титула.

Победа во плеј-офот запиша и Филип Талески. Тој со својата Бенфика славеа против Брага со 34-27. Талески имаше 3/4 реализација и четири асистенции.

Во следното коло во плеј-офот повторно ќе имаме македонско дерби, Бенфика е домаќин на Порто.

ПретходноБез победник на дербито, Абрахам ја спаси Рома!
СледноМанчестер Јунајтед со 80 милиони евра тргнува по Араухо!