ПСЖ и официјално е првак на Франција

94

Фудбалерите на Лион победија во возбудлив меч од 31. коло од француската Лига 1 Монако со 3:2, а паралелно со нив се радуваа и на ПСЖ, кој со тоа и официјално ја одбрани шампионската титула. Ваквиот резултат ги воодушеви играчите и навивачите на ПСЖ, кои со тоа и математички ја обезбедија 12-та шампионска титула на Франција во историјата.

Во моментов, на три кола до крајот, ПСЖ има недостижни 12 бода повеќе од Монако. ПСЖ на тој начин ја прослави третата шампионска титула во низа, како и шестата во последните седум сезони.

ПретходноМанчестер Јунајтед со 80 милиони евра тргнува по Араухо!
Следно„Комити“ со порака: Не сте свесни колку сме бесни!