Драматично во Белград, победи на маратонот, па падна, го однесоа на носилка

840

Кенискиот атлетичар Гилберт Киплетинг Чумба падна на земја откако помина низ целта на Белградскиот маратон. Чумба беше најбрз на маратонот со време од 2:11,47 часа и за малку не успеа да го урне рекордот на патеката.
Кениецот по истрчани 42 километри падна на земја, му беше укажана лекарска помош, ставен на носилки и однесен на понатамошни прегледи.

Гилберт Чериот Муге заврши на второто место со време 2:12,20; додека трет беше уште еден Кениец, Емануел Кипкогеи кој заврши со време 2:20,41.

А Мохамед Ел Гаузани од Мароко триумфираше во полумаратонот.

Во женска конкуренција, победа на Ема Черуто Ндива од Кенија со време 2:31.30.
А Кенијка победи и во полумаратонската трка, а тоа е Тереза Омоса.

ФОТОГАЛЕРИЈА ОВДЕ

ПретходноИнтер губеше, а потоа се налути Меси и ја донесе победата
СледноЕве зошто Јокиќ и компанија во папучи го одработиле шутерскиот тренинг пред мечот со ЛА Лејкерс! (ФОТО+ВИДЕО)