Интер губеше, а потоа се налути Меси и ја донесе победата

367

Интер по пресврт славеше во гости против Њу Ингланд Револушн со 4:1 на крилата на уште една фантастична партија на Лионел Меси кој постигна два гола и впиша две асистенции.
Домашниот тим поведе со гол на Чанкалаја, а потоа работите во свои раце ги презема Меси. Во 31 минута Меси на асистенциа на Тејлор изедначува на 1:1, а во 68 минута постигна гол за предност на Интер.
А до крајот Интер постигна уште два гола и во двата случаи асистент беше Меси.

По 11 кола Интер е прв на табелата, а Меси има девет гола и осум асистенции.

ПретходноФКСБ по девет години повторно е шампион на Романија
СледноДраматично во Белград, победи на маратонот, па падна, го однесоа на носилка