Салах за караницата со Клоп: Ако прозборувам ќе предизвикам пожар

911

Напаѓачот на Ливерул, Мохамед Салах одби да зборува пред новинарите за инцидентот во 79 минута од мечот со Вест Хем. Пред тројната замена во 79 минута, тренерот Јирген Клоп му кажа нешто на Египѓанецот кој реагираше бурно. Разговорот резултираше со гримаса од страна на Египќанецот и гестикулации кон тренерот.
По мечот поминувајќи покрај новинарите не сакаше да го коментира инцидентот, само кажа:
Ако прозборувам сега ќе предизвикам пожар“, алудирајќи на тоа дека сега е нервозен и може да каже се и сешто поради што може да се доведе себе си и клубот во проблеми.

Во исто време Клоп исто така зборуваше за инцидентот:
Не можам да откријам што си кажавме. За тоа зборувавме во соблекувалната. Тоа е веќе минато за мене“, изјави Клоп за „ТНТ спортс“.

ПретходноАндре Вијас Боаш е нов претседател на Порто: Клубот повторно е слободен!
СледноТен Хаг: Немавме среќа со судењето во последниве недели