Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра одличен меч за Денвер против Лејкерс, забележа трипл-дабл со 33 поени, 14 скокови и 14 асистенции меѓутоа тоа не беше доволно за победа. Лејкерси победија и ја намалија предноста на Нагетс од 3-1.
На прес-конференцијата Јокиќ беше запрашан кои се работите кои треба да се променат во неговиот тим на наредниот меч за да стигнат до победата?
„Зарем мислиш дека ќе ти одговорам на тоа прашање?“, изјави Јокиќ по што настана смеење во собата.
Потоа Србинот објасни на што треба да се обрне внимание.
„Генерално, ќе пробаме да ги спречиме во транзиција и да не им дозволиме 80 поени по шутеви во нашето поле“, кажа Јокиќ кој за магичното додавање за Мајкл Портер Џуниор одговори дека било „чиста случајност, а не мајсторија“.
Baseline view https://t.co/dJ0yFUiCuf pic.twitter.com/muMrWiz0fx
— Denver Nuggets (@nuggets) April 28, 2024