Навредениот Тухел влезе во „војна“ со легенда на Баерн: „Неговите изјави се далеку од реалноста…“

178

Тренерскиот мандат на Томас Тухел на клупата на Баерн привршува затоа што овој стручњак ќе го напушти Минхен по завршување на сезоната. Но, во изминатите денови влезе во конфликт со почесниот претседател на клубот Ули Хенес на кого му замери за последната изјава.
Во добри односи сме, иако тој има поинакво размислување за некои работи. Тухел не верува дека може да ги подобри Дејвис, Павловиќ или Мусиала. Ако не одат работите, тој мисли дека е подобро да се купуваат играчи отколку да се унапреди постоечкиот кадар. Јас мислам дека мора да се работи со нив и да им се даде доверба за да станат подобри“, рече Хенес оспорувајќи ја способноста на Тухел да развие некој играч.

На тоа одговори Тухел:
Тоа што го кажува Хенес нема смисол. Неговите изјави се далеку од реалноста, не знам ни како да му одговорам. Ја повреди мојата тренерска чест. Ако нешто покажавме во изминатите 15 години е тоа што домашните играчи секогаш имаат место кај нас ако играат добро“, кажа Тухел.

Под водство на Тухел, Баерн ја прекина доминацијата во Бундес лигата. Прв пат по 11 години „баварците“ нема да ја освојат титулата.

ПретходноУбав гест на Торино: Шампионски шпалир за Интер! (ФОТО + ВИДЕО)
СледноЈокиќ на прашање на новинар: Зарем мислиш дека ќе ти одговорам на тоа?