Јокиќ на прашање на новинар: Зарем мислиш дека ќе ти одговорам на тоа?

4354

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра одличен меч за Денвер против Лејкерс, забележа трипл-дабл со 33 поени, 14 скокови и 14 асистенции меѓутоа тоа не беше доволно за победа. Лејкерси победија и ја намалија предноста на Нагетс од 3-1.
На прес-конференцијата Јокиќ беше запрашан кои се работите кои треба да се променат во неговиот тим на наредниот меч за да стигнат до победата?
Зарем мислиш дека ќе ти одговорам на тоа прашање?“, изјави Јокиќ по што настана смеење во собата.

Потоа Србинот објасни на што треба да се обрне внимание.
Генерално, ќе пробаме да ги спречиме во транзиција и да не им дозволиме 80 поени по шутеви во нашето поле“, кажа Јокиќ кој за магичното додавање за Мајкл Портер Џуниор одговори дека било „чиста случајност, а не мајсторија“.

 

 

ПретходноНавредениот Тухел влезе во „војна“ со легенда на Баерн: „Неговите изјави се далеку од реалноста…“
СледноИнтер му покажа на Торино кој е шампион во меч кој влезе во историјата на Серија А! (ВИДЕО)