Играчите на Манчестер Сити направија чекор поблиску до одбрана на титулата откако во 35. коло од Премиер-лигата го совладаа Нотингем Форест со 2:0.
Двоен асистент за Манчестер Сити беше Кевин Де Брујне, а стрелци беа Јошко Гвардиол и Ерлинг Халанд.
Далеку од тоа дека Сити денеска лесно ги доби бодовите, напротив, Форест има многу за жалење, особено за грешките на Крис Вуд, кои го одбележаа денешниот натпревар.
Граѓаните постигнаа по еден гол во двете полувремиња, во првиот дел во листата на стрелци се запиша дефанзивец, Јошко Гвардиол, додека во второто, тоа беше најдобриот стрелец на екипата, Ерлинг Халанд.
Сити очекувано ја задржа предноста до крајот и освои вредни бодови во борбата за титулата. Сити има 79 бодови, Арсенал 80, но тимот на Гвардиола има натпревар помалку, додека Нотингем Форест го чека жестока борба за опстанок до самиот крај.