Анчелоти потврди: Куртоа е добар, но утре нема да игра

359

Тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти, на прес-конференцијата пред утрешниот полуфинален меч со Баерн (М) во Лигата на шампионите потврди дека Тибо Куртоа нема да биде на голот на „кралевите“.

“Среќни сме што Милитао и Куртоа се вратија. Милитао имаше тежок натпревар против Реал Сосиедад. Да, може да игра, но не размислувам дали ќе биде фер или не. Многу пати сум бил нефер оваа сезона. Тибо Куртоа се врати од повреда, но нема да игра утре“, потврди Италијанецот.

ПретходноТаткото на олимпискиот шампион на 1500 метри обвинет за семејно насилство
СледноДуљај повеќе не е тренер на белградски Партизан