Дуљај повеќе не е тренер на белградски Партизан

380

Игор Дуљај повеќе не е тренер на белградски Партизан, одлучено е вечерва на седницата на Управниот одбор на „црно-белите“.

Екипата на Партизан до крајот на сезоната ќе ја предводи поранешниот помошник тренер Алберт Наѓ.

Фудбалерите на Партизан забележаа четири последователни порази во сите натпреварувања, а беа поразени и на последните три натпревари во Суперлигата на Србија од Чукарички, Црвена звезда и ТСЦ.

Дуљај го презеде Партизан на крајот на февруари минатата година, откако го замени Гордан Петриќ.

ПретходноАнчелоти потврди: Куртоа е добар, но утре нема да игра
СледноЏенова ја исполни целта, избори опстанок во Серија А