Бакс се пред елиминација, a Јанис и Лилард нема да играат ниту на петтиот меч со Индијана

369

Иако првата ѕвезда на Милвоки, Јанис Адетокумбо почна да тренира со трчање, мали или скоро никакви се шансите грчкиот супер-стар да се појави на паркетот за мечот број пет од првата рунда на плеј-офот во НБА лигата против екипата на Индијана.

Бакси ги снајде голем малер со повредите на двајцата најдобри кошаркари, откако и Демијан Лилард не се појави на четвртиот дуел со Пејсерси. И двајцата се на рехабилитација.

Петтиот натпревар меѓу Индијана и Милвоки ќе се одржи точно три недели по повредата на Адетокумбо, но иако бепше планирано тој во овој период да се врати на паркетот, тоа се уште не може да се случи. Демијан Лилард се обидува да го забрза процесот на закрепнување, но и неговиот настап на петтиот меч со Индијана е скоро невозможен.

ПретходноУ15: Македонија со триумфот над Велс си закажа дуел со Италија
СледноТаткото на олимпискиот шампион на 1500 метри обвинет за семејно насилство