У15: Македонија со триумфот над Велс си закажа дуел со Италија

1963

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 15 години на чело со селекторот Драган Начевски, предмалку во последниот, а воедно и одлучувачки дуел од групната фаза на турнирот во Италија ја совлада репрезентацијата на Велс со минимални 1:0, и на тој начин се пласираше во следната фаза.

По стартниот триумф над ОАЕ, во второто коло загубивме од Ирска, па денеска што се вели, беше да се биде или не, за нашите млади фудбалери. Одигравме фајтерски и со голот на Фадиљ Исламовиќ обезбедивме минимален но заслужен триумф.

Сега, по еден ден одмор, на 1 мај не очекува екстра квалитетен дуел со домаќинот Италија.

ПретходноСалах не сака да си оди од Ливерпул, ќе остане до крајот на договорот
СледноБакс се пред елиминација, a Јанис и Лилард нема да играат ниту на петтиот меч со Индијана