Босанецот Нуркиќ е најлошиот кошаркар во историјата на НБА плеј-офите!

2761

Јусуф Нуркиќ, репрезентативецот на БиХ и кошаркар на Феникс Санс влезе во историјата на НБА лигата како најлошиот кошаркар. Центарот на Санс е кошаркар со најлош ефект во историјата на НБА плеј-офите.
Тој досега одигра 20 натпревари во плеј-офите и има само три победи. Во проценти тоа е 15 отсто од добиените мечеви во плеј-офот, што е најлош ефект од сите кошаркари кои одиграле барем 20 натпревари во оваа фаза на натпреварувањето.
Феникс експресно е елиминиран од Минесота со 0:4. Во тие четири натпревари Нуркиќ во просек бележеше по 7,8 поени; 8,3 скокови и 2,8 асистенции.
Пред Феникс, Нуркиќ со Трејлблејзерс беше елиминиран во 2017 година од Голден Стејт, потоа од ЛА Лејкерс во 2020 година. Во 2018 година од Пеликанс, во 2021 година од Денвер. Портланд во 2019 година стигна до конференциското финале, но тогаш Нуркиќ беше повреден и не играше.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Пројковска “главна“ под Шара, Качевски ќе им суди на Брегалница и Вардар
СледноХари Наковски нов селектор на машката одбојкарска репрезентација