Хари Наковски нов селектор на машката одбојкарска репрезентација

533

Поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец Хари Наковски е нов селектор на македонските одбојкари. Во пресрет на Европската златна лига и квалификациите за Европското првенство во 2026-та, ОФМ реши Наковски да ја преземе улогата на Јошко Миленкоски, кој лани ја предводеше Македонија до најголемиот репрезентативен успех, а тоа е осминафиналето на континенталниот собир, против Италија во Бари.

Сакам да упатам благодарност до ОФМ, голема чест е да се наследи и да се работи со Јошко како наше најголемо тренерско име. Се надевам дека со добро здравје и со добра работа ќе ја исполниме целта“, е првиот коментар на Наковски, кој минататa година му беше асистент на Миленкоски.

Миленковски ќе остане во репрезентацијата но само ќе помага во стручниот штаб.

Македонските одбојкари ќе се соберат на 2-ри мај, ќе тренираат во Струмица до 8-ми кога ќе отпатуваат на пријателски натпревари со Романија. Потоа ќе се вратат во салата „Парк“ и ќе тренираат до почетокот на Европската златна лига на 17-ти, со првиот турнир на којшто ќе им бидеме домаќини на Чешка и на Естонија. Следните два се во Белгија и во Хрватска. Во август се два од четирите натпревари во квалификациите за ЕП 2026. Акцентот ќе биде ставен токму на нив, затоа што преку Грузија и Грција, Македонија бара шанса за четврти континентален собир по ред.

ПретходноБосанецот Нуркиќ е најлошиот кошаркар во историјата на НБА плеј-офите!
СледноСкандал на повидок – Шпанија може да биде исфрлена од ЕП?