Гвардиола: Арсенал нема да киксне до крајот

1387

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е убеден дека неговата екипа мора да победи на сите преостанати натпревари за да ја одбрани титулата во Премиер-лигата. Вчера „граѓаните“ победија со 2:0 на гостувањето кај Нотингем Форест и заостануваат еден бод зад лидерот Арсенал, но имаат и натпревар помалку.

„Мислам дека Арсенал нема да испушти повеќе бодови. Ситуацијата е слична на онаа каде со Ливерпул се бркавме до последното коло. Ни остануваат уште 4 натпревари. Ако ремизираме во еден од нив, нема да станеме шампиони“, изјави Гвардиола, кој додаде: 

„Против Нотингем беше повеќе од тешко. Но, тоа не не изненади. Како да поминаа само неколку часа од натпреварот со Брајтон. На овој стадион победи Ливерпул во 99. минута, Арсенал победи со 2:1, па и нам не ни беше лесно. Во последниот половина час, кога Бернардо Силва играше покрај Ковачиќ во центарот, подобро го контролиравме натпреварот“, изјави Пеп.

ПретходноДалас се врати од минус 31, па загуби од Клиперс (ВИДЕО)
СледноХаос во Грција: Тренерот на АЕК нападна играч на ПАОК (ВИДЕО)