Далас се врати од минус 31, па загуби од Клиперс (ВИДЕО)

239

ЛА Клиперс се вратија во игра и ја решија моментално најинтересната НБА плеј-оф серија во првото коло. Во четвртиот натпревар славеа со резултат 116:111 против Далас Маверикс за вкупни 2:2 во серијата која се игра на четири добиени натпревари. Клиперси доминираа во првото полувреме, во кое поведоа со 55:24. Но, Далас предводен од Кајри Ирвинг и Лука Дончиќ се врати во дуелот.

Џејмс Харден не дозволи Далас да победи на гостински терен. Тој беше одличен во последната четвртина и го заврши натпреварот со 33 поени, исто како и Пол Џорџ. Сите стрелци ги предводеше Кајри Ирвинг со 40 поени, додека Дончиќ имаше трипл-дабл со 29 поени и по десет скока и исто толку асистенции.

На останатите средби Индијана славеше против Милвоки со 126-113 и поведе со 3-1 во плеј-оф серијата, додека пак Минесота дојде до четвртатата победа против Феникс (166-122).

Во четвртиот и последен натпревар од оваа серија одличен беше Ентони Едвардс кој постигна 40 поени, собра девет скока и шест асистенции.

ПретходноБез победник на градското дерби: Бетис и Севиља ремизираа!
СледноГвардиола: Арсенал нема да киксне до крајот