Димитријевиќ на списокот на желби на Јасикевичус?

452

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и оваа сезона блеска во дресот на Уникс Казан. Пред неколку дена тој беше прогласен за МВП на регуларниот дел во ВТБ-лигата, ова второ признание за нашиот најдобар кошаркар во ова натпреварување.

Игрите на Димитријевиќ бурно ги следат клубовите ширум Европа, па се чини ова лето на неговата адреса ќе пристигнат бројни понуди.

Според турските извори, Нено се нашол на списокот на желби на Шарунас Јасикевичијус, предводникот на Фенербахче. Димитријевиќ на дело покажа дека е подготвен да игра во Евролигата, па токму затоа нема да биде чудо доколку го видиме во дресот на еден од тимовите кои се дел од најсилното европско клупско натпреварување.

Тој во регуларниот дел имаше просек од 19 поени по меч, заедно со 6,6 асистенции, 3,3 скока и 1,3 украдени топки.

ПретходноЕмир Шабани нов спортски директор на Шкупи
СледноОтказ за Алегри, доаѓа тренер кој го посакуваат многумина великани