Емир Шабани нов спортски директор на Шкупи

962

Шкупи има нов спортски директор во името на Емир Шабани. Некогашниот младински репрезентативец на Македонија се враќа во раководните структури на клубот откако извесен период не беше дел од таборот на „гулабите“.

Сега, Шабани повторно се враќа откако своевремено беше дел од големите успеси на Шкупи изминатите сезони кога чаирчани имаа сериозен од на интернационална сцена. За потсетување, Шкупи веќе неколку дена има и нов тренер во името на Ернест Ѓока кој стартуваше со победа против Тиквеш на домашен терен.

ПретходноХаос во Грција: Тренерот на АЕК нападна играч на ПАОК (ВИДЕО)
СледноДимитријевиќ на списокот на желби на Јасикевичус?