Шкупи има нов спортски директор во името на Емир Шабани. Некогашниот младински репрезентативец на Македонија се враќа во раководните структури на клубот откако извесен период не беше дел од таборот на „гулабите“.
Сега, Шабани повторно се враќа откако своевремено беше дел од големите успеси на Шкупи изминатите сезони кога чаирчани имаа сериозен од на интернационална сцена. За потсетување, Шкупи веќе неколку дена има и нов тренер во името на Ернест Ѓока кој стартуваше со победа против Тиквеш на домашен терен.
Шкупи во моментов е на делба на првата позиција на табелата со 58 бодови заедно со Струга Трим Лум.