Играч на Минесота го повреди својот тренер (ВИДЕО)

66

Минесота е првиот четвртфиналист во НБА плеј-офот, откако во четвртиот натпревар од првото коло го совлада Феникс Санс со 122:116, оставајќи ги без ниту една победа во плеј-офот. Но Тимбервулфс останаа без тренер. Крис Финч доста тешко го повреди коленото откако неговиот играч Мајк Конли удри во него.

Според првите проценки, Филч ќе мора да се опоравува од повредата најмалку шест месеци, но треба да го води тимот. Во второто коло од плеј-офот, Минесота треба да оди кај Денвер Нагетс, кој води во серијата против Лос Анџелес Лејкерс со 3:1.

ПретходноОтказ за Алегри, доаѓа тренер кој го посакуваат многумина великани
СледноЏЕКПОТ МАНИЈА, супер турнир на 2win.мк