Наковски одбра 15 одбојкари за претстојната „Златна лига 2024“

635

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија на 2 мај ќе го има првиот собир пред стартот на натпреварите во Европската Златна лига 2024. Собирот ќе биде во  Струмица каде избраниците на новиот селектор Хари Наковски ќе бидат до 8 мај кога ќе отпатуваат на пријателски натпревари со Романија.

Во списокот на Наковски за престојната Европска Златна лига се најдоа следните одбојкари:

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев (Бурса-Турција)Давид Стојанов (Фужинар-Словенија)

Коректори: Никола Ѓорѓиев (АЦХ Љубљана – Словенија), Стојче Арсов (Работнички 71&22), Кристијан Илиев (Струмица 47&72)

Примачи: Владо Милев (Струмица 47&72), Лука Костиќ (Рибница – Србија), Стојан Илиев (Анагенисис – Кипар), Тоше Ефремов (Весна Пробиштип)

Средни блокери: Филип Маџунков (Хасроде – Белгија), Филип Савовски (Војводина – Србија), Филип Лепидовски (Таково – Србија)Михајло Мирасчиев (Штип УГД)

Либера: Дарко Ангеловски (Работнички 71&22), Костадин Ричлиев (Штип УГД)

ПретходноMлад фудбалер почина откако со глава удрил во ѕидот околу теренот
СледноТухел: Верувајте ми, Гнабри ќе постигне гол против Реал Мадрид