Тухел: Верувајте ми, Гнабри ќе постигне гол против Реал Мадрид

121

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел изјави дека напаѓачот Серж Гнабри ќе игра и ќе даде гол против Реал Мадрид во полуфиналниот меч од Лигата на шампионите. Двата ривали ќе се сретнат на „Алијанц арена“ во вторник и тоа ќе биде првиот од двата меча за пласман во финалето.
Серж Гнабри имаше повреда која очигледно е санирана и според Тухел напаѓачот ќе игра.
„Серж Гнабри ќе може да игра во вторник. Не само што ќе игра, туку и ќе постигне гол. Тоа ќе се случи, не знам како, но ќе се случи“, изјави Тухел во пресрет на мечот со Реал.
Баерн се обидува да ја заврши сезоната со трофеј од ЛШ откако испадна од трката по титулата во Бундес и трофејот од Купот на Германија.

ПретходноНаковски одбра 15 одбојкари за претстојната „Златна лига 2024“
СледноAнтони: Критиките ме прават подобар, знам колку вредам