Aнтони: Критиките ме прават подобар, знам колку вредам

110

Бразилскиот играч за врска од екипата на Манчестер Јунајтед, Aнтони изјави дека критиките само ги подгреваат неговите амбиции да се докаже во Манчестер Јунајтед.

Поранешниот играч на Ајакс е речиси постојано критикуван за неговите настапи откако пристигна на „Олд Трафорд“ пред речиси две години од холандскиот гигант. Во саботата тој постигна еден од неговите ретки голови во сезоната во ремито 1-1 со Барнли. Голот беше прв за него оваа сезона во Премиер лигата.

„Годината е многу тешка и за мене и за целиот тим бидејќи нашите резултати не се онакви какви што очекувавме. Јас сум еден од оние луѓе кои прифаќаат критики. Тоа ме тера да работам на моите слабости. Мислам дека сите во тимот сме фокусирани да ја завршиме сезоната на најдобар можен начин“, изјави 24-годишниот Бразилец.

„Сумата што беше платена за мене не влијае на мене. Знам колку вредам. Парите се пари и сите зборуваат за тоа, но доколку сите во тимот, вклучително и јас, настапувавме на највисоко ниво, никој не би морал да внимава на тоа. Критиките се причина да работам повеќе, бидејќи знам колку вредам“, дополни Бразилецот.

ПретходноТухел: Верувајте ми, Гнабри ќе постигне гол против Реал Мадрид
СледноЧетири екипи од Ла Лига испратија понуди за Варан