Роналдо го продава клубот

1216

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо Назарио ќе го продаде Крузеиро до крајот на оваа седмица, пишува шпанскиот „Спорт“. Бразилецот е поранешен фудбалер на овој клуб (1993-1994) и го купи во декември 2021 година. Тој поседува 90% од акциите на Крузеиро, но ќе ги продаде оваа седмица на претприемачот Педро Лоуренсо, кој има профитабилен бизнис со хипермаркети, пишува „О’Глобо“.
Крузеиро се врати во најсилната бразилска лига во 2022 година. Од тогаш тимот од сојузната држава Минаис Гераис има скромни резултати, а заврши на 14-тото место во 2023 година. Оваа година Крузеиро е седмопласиран на табелата по четири одиграни натпревари.

Роналдо исто така е сопственик и претседател на шпанскиот второлигаш Ваљадолид.

ПретходноДамфрис со навредлив банер за Тео – ќе добие сериозна казна
СледноПОТВРДЕНО: Милан останува без данскиот дефанзивец