Ете и тоа го има во светот на фудбалот и тоа го дочекавме. Имено Брајтон го купи докторот на Ајнтрахт Франкфурт, Флоријан Пфаб (48). За него му плати отштета на германскиот клуб 250.000 евра и Германецот на 1 јули ќе го официјално првиот работен ден во Брајтон.
Инаку Пфаб е познат како еден од најдобрите, ако не и најдобар доктор во Европа за фудбалски повреди. Во изминатите четири години додека е во тимот на Ајнтрахт Франкфурт, фудбалерите на овој клуб најмалку се повредуваат од сите останати клубови во Бундеслигата.