Сари во дилема: Њукасл или Вест Хем?

102

Неколку англиски премиерлигашки клубови сериозно загризаа за екс-тренерот на Лацио, Маурицио Сари.

„Туромеркато“ пренесува дека и еден италијански состав, Торино, бил заинтересиран за можна соработка со екс-тренерот на Лацио, но тој преферира да се врати во Англија, каде претходно работеше како менаџер на Челзи.

Њукасл и Вест Хем, наводно, конкурираат за 65-годишниот стратег. Се тврди дека фаворити во оваа борба се „Страчките“, кои упатиле многу примамлива понуда до агентот на Сари.

ПретходноИ тоа го има: Брајтон го купи докторот на Ајнтрахт, плати отштета од 250.000 евра!
СледноДокузовски без пораз го однесе МКК Куманово во кошаркарската елита