Докузовски без пораз го однесе МКК Куманово во кошаркарската елита

262

Екипата на МКК Куманово од наредната натпреварувачка сезона ќе биде дел од Првата лига.

Во вториот натпревар кој се покажа и решавачки во полуфиналната серија од разигрувањето за пополнување на Првата лига, кумановци уште еднаш беа подобри од скопски Ангели.

Тимот кој го предводи тренерот Марин Докузовски со сигурни 71:56 дојде до максимални (2-0) и ја затвори полуфиналната серија.

Воедно, со тоа се избори за место во финалето, но стана и првиот патник во друштвото на најдобрите.

Утре вечер, од 20 часот, во салата „Наум Наумовски-Борче“ се игра вториот меч од другата полуфинална серија во која се среќаваат екипите на Маџари и на Шкупи.  Гостите имаат (1-0) во серијата, и доколку слават на овој натпревар ќе бидат противник во финалето на МКК Куманово, и нови прволигаши.

ПретходноСари во дилема: Њукасл или Вест Хем?
СледноШампионот добро се испоти за прва полуфинална победа над ТФТ