Мареј на четири секунди до крајот ги реши Лејкерси, Леброн покажа големо непочитување (ВИДЕО)

4336
Во петтиот натпревар од првото коло од плеј-офот за Западната конференција, Денвер Нагетс го победија Лос Анџелес Лејкерс со 108:106 и се пласираа во полуфиналето со 4:1. Лејкерси се надеваа дека ќе избегнат пораз во петтиот натпревар и ќе останат во плеј-оф серијата, но Џамал ​​Мареј на четири секунди до крајот го даде победничкиот кош.

Мареј ги предводеше Нагетс со 32 поени, Мајкл Портер Јуниор постигна 26, а Јокиќ дабл-дабл со 25 поени, 20 скока и девет асистенции, но имаше и седум загубени топки.

Леброн Џејмс постигна 30 поени со 9 скока и 11 асистенции, додека Ентони Дејвис имаше 17 поени со 15 скока. Леброн Џејмс веднаш по завршувањето на мечот го напушти теренот, покажувајќи непочитување кон својот ривал, не сакајќи да се поздрави со играчите на Денвер и да им честита.


Бостон Селтикс гостуваа кај Мајами Хит на Истокот и победија со 102:88, поведувајќи со 3:1 во серијата. Дерик Вајт ги предводеше Хит со 38 поени, додека Џејсон Тејтум постигна 20 поени со 11 скока, а Џејлен Браун постигна 17 поени. Кај Мајами се истакна Бам Адебајо со 25 поени и 17 скока.

Оклахома им подготви метла на Њу Орлеанс Пеликанс, завршувајќи ги синоќа со гостинска победа од 97:89. Шаи Глигеус-Александер имаше 24 поени со 10 скока.

Оклахома сега го чека подобриот од мечот Лос Анџелес Клиперс – Далас Маверикс (2:2), додека Денвер во второто полуфинале на Западот ќе игра против Минесота Тимбервулвс. На истокот се уште немаме учесници во полуфиналето.

ПретходноДва пресврти во Барселона, хет-трик на Левандовски за победа на „Блауграна“
СледноЈокиќ направи шоу: Ги измисливме повредите за да мислат дека сме з****ни!