Јокиќ направи шоу: Ги измисливме повредите за да мислат дека сме з****ни!

2668

Денвер го победи Л.А. Лејкерси со 108:106 и со вкупен резултат 4:1 се пласираа во полуфиналето на Западната конференција. Тоа беше уште една вечер во која во преден план беа победникот Џамал ​​Мареј и нормално Никола Јокиќ, кому му недостигаше една асистенција за да забележи уште еден трипл-дабл. Имаше 25 поени, 20 скока и девет асистенции.

Јокиќ како МВП имаше нула слободни фрлања, тој не сакаше да зборува за тоа, но се осврна на фактот дека многу играчи се жалеле на повреди пред мечот:

„Всушност, сите сакаме да зборуваат за нас дека сме з****ни и цврсти, затоа играме. Сакаме да мислат дека сме повредени, особено Минесота“, му порача вака Јокиќ на противникот што го чека на патот кон уште едно финале во НБА.

Пред мечот Мареј доби совет од лекарите да не игра, но тој беше во составот и го постигна најважниот поен.

„Мареј? Тој ја измисли повредата. Се шегувам, знаев дека ќе игра иако не разговарав. Знам дека сака да игра важни игри, па и да не шутираше добро, важно го заврши мечот. Полесно погодува тешки шутеви отколу лесни. Ги сака таквите моменти, бев убеден дека ќе постигне кош“.

За серијата со Минесота, Јокиќ изјави дека ќе биде тотално поинаква од онаа против Лејкерс, но едвај чека, додека се уште има „проблем“ што ќе има пет дена одмор:

„Моето тело мисли дека пет дена е одмор, не е добро“, рече Јокиќ и додаде дека е важно да погодат повеќе отворени шутеви против „волците“.

ПретходноМареј на четири секунди до крајот ги реши Лејкерси, Леброн покажа големо непочитување (ВИДЕО)
СледноЛеброн поради новинарско прашање ја напушти прес-конференцијата (ВИДЕО)