Нема одмор за првакот: МЗТ Скопје и ТФТ ја почнуваат битката за финале!

75

Поради обврските на актуелниот македонски првак во АБА2-лигата, второто полуфинале во македонскиот шампионат почнува денеска. Предноста на домашен терен ја има МЗТ Скопје, кој мора да се собере по поразот од Спартак Суботица и да се насочи кон одбраната на титулата.

Избраниците на Васко Атанасов на другата страна на теренот за противник го имаат составот на ТФТ, мечот е закажан во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Апсолутен фаворит е МЗТ Скопје, во последните две години целосно доминираат „сино-белите“ во сите натпреварувања. Тимот од Тафталиџе знае да биде незгоден противник, многупати до сега го покажеле тоа, па за пласман во финалето МЗТ Скопје ќе мора сериозно да ја сфати оваа пресметка.

За потсетување, Пелистер води против Работнички во првото полуфинале на плеј-офот со 1-0, откако убедливо го совладаат скопскиот состав на гостински терен.

ПретходноСелекторот Стојановиќ го објави списокот за двата контролни меча против Словенија
СледноТренерот на Денвер за статистиката: Погледнете ја нулата кај Јокиќ!