Обвинителството побара мерки на претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт!

193

Како што пренесува порталот “Фактор.мк“, Јавното обвинителство побарало мерки за претпазливост за 12 лица од Агенцијата за млади и спорт и тоа поради распределбата на средствата од ваучер системот.

Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост“, информира ОЈО.

Да се потсетиме дека ДКСП пред извесно време, најави дека поради сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер – системот ќе достави иницијатива за кривично гонење на директорот на АМС, Наумче Мојсоски и членовите на Централната комисија на АМС.

ПретходноТренерот на Денвер за статистиката: Погледнете ја нулата кај Јокиќ!
СледноЛШ полуфинале: Баерн VS Реал, дуел на титаните!