Неверојатно, ужасно. Имено на фудбалски турнир за деца на Златибор во Србија, се испотепале родители, а едно дете било повредено во пределот на главата.
Место фудбалски празник се случил ужасен настан.
На меч меѓу две екипи од кои едната од Црна Гора, а другата од Русија, прво дел од родителите на децата од двете екипи, се спречкале, за да потоа дојде и до комплетен хаос, комплетна тепачка меѓу нив. Во сета таа гужва повредено било едно дете и тоа во пределот на главата.