ВМФЛ: Е, сега е готово…Беса и официјално е прволигаш!

1970

Е, денеска е готово. Беса и официјално се избори за прволигашки статус за наредната сезона. Ова е историски успех за клубот од Добри Дол, амбициозен клуб кој едноставно сезонава си се прошета низ ВМФЛ и на три кола до крајот не мора веќе да стравува дека третиот Детонит, барем официјално, ќе му го помати славјето.

Беса денеска во меч од 27.коло попладнево славеше против Охрид со 4:0 и со стил го официјализира пласманот во нашата елитна лига за наредната сезона.

Момците на тренерот Александар Таневски едноставно беа најдобри.

Попладнево се одиграа и сите други мечеви од ова 27.коло во ВМФЛ.

Кога сме кај Детонит, овој тим одигра само 0:0 против Саса. Пелистер беше убедлив дома со Тетекс и славеше со 3:0.

Беласица очекувано го совлада Караорман во Струга и тоа со 0:4, додека Скопје и Победа ремизираа со резултат 1:1. Вардар дома со 3:0 го победи Осогово

РЕЗУЛТАТИ ЗА 27.КОЛО

Арсими – Башкими 2:0

Беса – Охрид 4:0

Детонит – Саса 0:0

Скопје – Победа 1:1

Караорман – Беласица 0:4

Кожув – Новаци 2:1

Пелистер – Тетекс 3:0

Вардар (Н) – Осогово 3:0

ПретходноУжас во Србија: Се испотепале родители на фудбалски турнир, едно дете повредено!
СледноАморим на клупата на Челзи?!