Иако Ливерпул го имаше како втор пик за наследник на Јирген Клоп, а првиот беше Чаби Алонсо, сепак не дојде до Рубен Аморим, стратегот на Спортинг.
Па така “Редси“ мораа да се задоволат со третиот пик, а тоа беше Арне Слот кој и официјало по завршување на сезоната ќе го презеде тимот на Ливерпул.
Но, да се вратиме на португалскиот стратег, Рубен Аморим. Имено вчера и денеска се погласни се шпекулациите дека тој би можел да седне на клупата на Челзи. По лошата, да не кажеме катастрофална сезона на тимот со Маурицио Покетино, “сините“ од Лондон имаат намера да му врачат отказ а тренерската палка да му ја доверат на Аморим.
Инаку јавна тајна дека Спортинг Лисабон бара 20 милиони евра за отштета, ако Аморим се пресели во некој друг клуб. Пари кои секако дека не се проблем за пребогатиот Американец и газда на Челзи, Тод Боли.