Борусија (Д) со предност од 1:0 ќе патува на реванш мечот во Париз од полуфиналето на Лигата на шампионите. Вечерва на „Сигнал Идуна Парк“, „жолто-црните“ дојдоа до минимална победа и најавија уште едно фантастично реванш-полуфинале за седум дена во Париз.
Моментот за внимание се случи во 36. минута кога Шлотербек испрати една одлична топка до Никлас Филкруг, кој успеа да избегне офсајд позиција и да упати удар кон голот на Донарума за водство на „жолто-црните“. Борусија (Д) имаше повеќе од шансите во првиот дел, но до крајот резултатот остана непроменет.
Que 9 del carajo Fullkrug (para nada pensé que estaba en recontra offside) pic.twitter.com/dtKQOy2SXD
— Bargyer_04🏆🇦🇷 (@Bayer04_Argento) May 1, 2024
Второто полувреме донесе многу подобра и поофанзивна игра на ПСЖ. Иако домашните преку Филкруг можеби и први имаа шанса за втор погодок, ПСЖ пропушти неколку огромни шанси да дојде до израмнување на резултатот. Во скоро ист напад и Мбапе и Хакими погодија во дирекот од голот на Кобел, а потоа и Дембеле не успеа да искористи една прекрасна шанса. Неговиот шут со крајни напори домашниот голман го исфрли во корнер.
Одлични шанси во низа имаа и Бранд и Филкруг, но и тие не успеаја да погодат за зголемено водство. Овие 1:0 не се гаранција за финале, па во Париз следната недела ќе гледаме уште една голема битка.