Синер се повлече од четвртфиналето во Мадрид

1357

Победникот на Австралија Опен 2024 и втор светски тениски рекет, Јаник Синер се повлече од четвртфиналниот натпревар на Мастерс турнирот во Мадрид. Како причина за ваквата одлука се наведува дека станува збор за повреда на десниот колк.

За пласман во полуфиналето на турнирот во Мадрид, Синер, требаше да се бори со 35-от рекет во светот, Канаѓанецот Феликс Ожер-Алиасим. Сега Феликс автоматски се пласираше во полуфиналната фаза на натпреварувањето.

ПретходноНеверојатно: Дортмунд само од бонуси ќе заработи 30 милиони евра поради Белингем!
СледноЕ. Пелистер во шампионски ритам, Бутел убедлив против Струга