Е. Пелистер во шампионски ритам, Бутел убедлив против Струга

76

Шампионот Е. Пелистер вечерва со убедливата победа над Тиквеш од 35:25 направи уште еден чекор до одбрана на титулата. Во меч од 12. коло од плеј-офот на домашен терен битолчани не дозволија никакви изненадувања, иако гостите во еден дел од средбата се покажаа како тврд орев.

Богдан Радивојевиќ со седум гола беше најефикасен во таборот на Е. Пелистер, додека кај Тиквеш Срѓан Мијатовиќ заврши со пет гола.

Сосема очекувано, ракометарите на Бутел славеа убедливо над екипата на Струга во првиот денешен дуел. На домашен терен, Бутел победи со 34:20 со што ја оствари само третата победа во плеј-офот. За Струга ова беше уште еден пораз во низа, вкупно дванаесетти.

Одлучно издание кај Бутел имаше Николов кој средбата ја заврши со 11 гола.

ПретходноСинер се повлече од четвртфиналето во Мадрид
СледноАлборг го елиминираше Веспрем и обезбеди место на Ф4