Сеќавање на шампионот, 30 години од смртта на легендарниот Ајртон Сена

118

Ајртон Сена, некогашниот шампион во Формула 1 загина на 1 мај 1994 година, а и 30 години подоцна неговото име со подеднаков интензитет се споменува меѓу љубителите на најбрзиот спорт на светот.

Тој ден околу 14 часот и 20 минути, телевизиите ширум светот ја емитирале снимката од згмечениот болид со кој управувал Сена на патеката во Имола, Италија. Тогаш 34-годишниот возач излета од патеката во седмиот круг и при брзина од 307 километри на час удри во ѕидот. Возачот на Вилијамс почина пред очите на јавноста поради тешки повреди на главата.

Тој викенд, навистина бил црн. Тоа бил најлошиот во историјата на Формула 1. Пред Сена, Бразилецот Рубенс Барикело излетал од патеката, за среќа минал со полесни повреди. Потоа се случила првата од двете трагедии, младиот австриски возач Роланд Расенбергер го изгуби животот за време на квалификациите кога исто така при голема брзина удрил во бетонскиот ѕид. Тој починал во болница во Болоња.

А втората трагедија би можела да биде спречена. Долго се зборувало дали трката на 1 мај ќе стартува или поради трагедијата ќе биде одложена… За жал донесена е одлука да се вози по планот.

Сена со својот болид удрил во ѕид со 305 км на час. Во 18:40 часот истиот ден од болницата во Болоња стигна потврда дека Сена починал, а официјално време на смртта е 14:17 часот во моментот кога неговиот мозок престанал да функционира по ударот во ѕидот.

„Дождливиот човек“, како го нарекуваа Сена, освои три шампионски титули во Ф1 и сите како возач на Мекларен – во 1988, 1990 и 1991 година. Во кариерата возел и за Толеман Моторспорт, Лотус, Хонда и Вилијамс. Со Вилијамс потпиша договор токму во сезоната кога и загина.

Во текот на кариерата впиша 41 победа и до денешен ден се смета за еден од најважните возачи во историјата на Ф1.

ПретходноТухел: Не знам зошто, но престанавме да се држиме до планот
СледноЈанакопулос урлаше по Евролигата: Си играте со нашите емоции, си играте со нашите пари…