Јанакопулос урлаше по Евролигата: Си играте со нашите емоции, си играте со нашите пари…

1993

Контроверзниот сопственик на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос не се смирува. Дојде во Белград на мечот меѓу Макаби и Панатинаикос, а по драматичен финиш неговиот тим е поразен со 85:83, тој тргна во напад на судиите и Евролигата. Прво го вреѓаше хрватскиот судија Лука Кардума со зборови на српски јазик, а потоа неговиот клуб испрати барање да не му се признае победата на Макаби.
„Кога ова не го прифаќаме и кога викаме, вие нѐ казнувате. Дали поради ова ќе бидам казнет? Си играте со нашите пари, со нашите инвестиции, со нашите емоции, си играте со сите нас. Ќе направи ли некој нешто?“, викаше Јанакопулос на својот профил на Инстаграм.
Потоа постави слика од спорната ситуација кога играч на Макаби ја гази аут-линијата со топка во раката, а е веднаш до судијата.
„Гледајте го ова… Ова е намерна кражба“.

ПретходноСеќавање на шампионот, 30 години од смртта на легендарниот Ајртон Сена
СледноФиналето на Лига Европа 2028 во Белград!