ЛШ: Борусија (Д) со минимална предност патува на реваншот во Париз (ВИДЕО)

197

Борусија (Д) со предност од 1:0 ќе патува на реванш мечот во Париз од полуфиналето на Лигата на шампионите. Вечерва на „Сигнал Идуна Парк“, „жолто-црните“ дојдоа до минимална победа и најавија уште едно фантастично реванш-полуфинале за седум дена во Париз.

Моментот за внимание се случи во 36. минута кога Шлотербек испрати една одлична топка до Никлас Филкруг, кој успеа да избегне офсајд позиција и да упати удар кон голот на Донарума за водство на „жолто-црните“. Борусија (Д) имаше повеќе од шансите во првиот дел, но до крајот резултатот остана непроменет.

Второто полувреме донесе многу подобра и поофанзивна игра на ПСЖ. Иако домашните преку Филкруг можеби и први имаа шанса за втор погодок, ПСЖ пропушти неколку огромни шанси да дојде до израмнување на резултатот. Во скоро ист напад и Мбапе и Хакими погодија во дирекот од голот на Кобел, а потоа и Дембеле не успеа да искористи една прекрасна шанса. Неговиот шут со крајни напори домашниот голман го исфрли во корнер.

Одлични шанси во низа имаа и Бранд и Филкруг, но и тие не успеаја да погодат за зголемено водство. Овие 1:0 не се гаранција за финале, па во Париз следната недела ќе гледаме уште една голема битка.

ПретходноМагдебург на пенали подобар од Келце за место на Ф4 во Келн
СледноЛука Дончиќ го урна рекордот на Џордан, Далас победнички (ВИДЕО)